Анчелоти: Дури и да дојде Мбапе, тоа нема да влијае на Винисиус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карло Анчелоти даде интересно интервју за „Кориере дело Спорт“, по што зборуваше и за „Марка“, каде што откри дека претседателот Флорентино Перез има големи планови за иднината на тимот, а ќе почне да ги реализира од следното лето.

Анчелоти зборуваше и за натпреварот против Севиља, кој со победа ќе им помогне да избегаат на врвот на табелата.

„Ќе биде тежок меч против одличен тим. Мора да играме најдобро што знаеме. Бевме одлично досега сезонава, а можеме уште повеќе да напредуваме“, кажа Анчелоти.

Италијанецот зборуваше и за можните засилувања, меѓу кои е и Килијан Мбапе од ПСЖ, кој има договор со францускиот гигант до следното лето.

„Дури и да дојде Мбапе во екипата, тоа нема да влијае на позицијата на Винисиус Жуниор, кој останува наше лево крило“, вели тренерот.