Сака да продолжи каде што застана татко му: Мик Шумахер стана дел од академијата на Ферари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик ќе биде член на академијата на Ферари, а годинава ќе вози за Прем во Формула 2.

Мик претходно го освои шампионатот на Европа во Формула 3, а учеството во академијата не му гарантира дека ќе вози во Формула 1.

Сепак, голем број возачи поминаа низ академијата на Ф1, како и Шарл Леклер, па останува да видиме што ќе се случува со младиот Мик.