Лазаров најкорисен ракометар во прва фаза од СП!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија не успеа да обезбеди пласман во втората фаза на Светското првенство (СП) во Германија и Данска, откако вчера беше поразена од Исланд со 22-24, но затоа македонскиот капитен Кирил Лазаров е МВП во првата фаза од натпреварувањето.

Лазаров е најкорисен ракометар во првата фаза, а тоа го покажува статистиката од првите пет натпревари на Мундијалот.

Капитенот постигна 30 голови и 25 асистенции во групната фаза и зад себе го остави Микел Хансен, кој вчера постигна 14 голови против Норвешка, но сега има 35 голови и 14 асистенции, односно помалку од нашиот капитен.

Македонија ја очекуваат натпреварите за пласман од 13. до 16. позиција на Мундијалот.