Федерер нема да ја брани титулата, Циципас го изненади Швајцарецот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роџер Федерер испадна во осминафиналето на Австралија опен, откако загуби со 1-3 во сетови од грчкиот тенисер Стефанос Циципас.

Циципас храбро го одигра денешниот меч и не се грижеше премногу за фактот дека против себе го има еден од најголемите тенисери во историјата.

Во првиот сет немаше брејкови, па во тај-брејкот Федерер по голема борба славеше со 13-11. Во вториот сет Циципас израмни на 1-1 во сетови.

Во продолжение од мечот Гркот ги доби и наредните два сета, па со 3-1 во сетови направи сензација во Мелбурн и го исфрли Швајцареоц.т

Во четвртфиналето ќе игра против Роберто Баутиста-Агут, кој претходно беше подобар од Марин Чилиќ.