Ибрахимовиќ го критикуваше Роналдо: Не е никаков предизвик да преминете во еден од најдобрите клубови во светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Некогашниот фудбалер на бројни европски великани, вклучувајќи го и Јуве, Златан Ибрахимовиќ во своето последно интервју за DAZN говореше за овосезонското издание на ЛШ, но и за најголемата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо.

„Оваа година е се отворено, нема тим кој е супериорен во однос на другите, ниту може да се рече дека некој е фаворит за трофејот. Јас ќе навивам за своите стари клубови, ПСЖ, Јунајтед, Јувентус и Барса. Интер нажалост е елиминиран, а Милан не е во натпреварување. Тоа се моите четири тима и се надевам дека еден од нив ќе го освои трофејот“, истакна Ибра.

Ибрахимовиќ ја искористи приликата и да објасни свои стари коментари за Кристијано Роналдо, но истакна и дека не е никаков предизвик да се премине во Јувентус.

„Не сум рекол дека не е одличен, реков само дека не е никаков предизвик да го изберете Јуве. Не е предизвик да отидете во еден опд најсилните тимови во светот. Можеби зависи од тоа што вие сметате дека е преизвик. За мене тоа е кога ќе дојдете во тим и ќе го подигнете на повисоко ниво. Тоа е предизвик“, истакна Ибра, па додаде:

„Во секој случај тоа беше одличен трансфер за италијанскиот фудбал, бидејќи благодарение на тој трансфер Серија А е повторно во центарот на вниманието, а тоа е мојот втор дом“.