Капело: Меси е единствен гениј во светот на фудбалот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот стручњак Фабио Капело денес пред новинарите го коментираше натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Јувентс кој се игра во рамките од ЛШ во среда.

Тренерот кој има водено многу клубови и репрезентации во својата кариера е моментално без работа со оглед на тоа дека својата епизода во Кина ја заврши без премногу успех.

Сепак неговите коментари за Лионел Меси привлекоа големо внимание.

„Лео Меси не е фудбалер, тој е гениј и тоа единствен во светот на фудбалот. Нема некои добри резултати со Аргентина, но тоа е затоа што мора се сам да направи“, изјави Капело.

Тој го прокоментира и Роналдо.

„Кристијано пробуди многу играчи во Јуве. Неговото доаѓање во клубот е повик за многу играчи за будење и тоа беше причина да и многу други заиграат подобро“, додаде Капело.

„Тој е многу важен за Јувентус, бидејќи кога имате некој толку добар како што е тој на тренинг секој ден и некој кој поминува многу време да ја подобри својата форма тогаш тоа е многу важно за цел тим“, заклучи Капело.