Ѓоковиќ ја „отвори душата“: Точно е, размислував да се пензионирам!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ вчера ја освои наградата за најдобар спортист во светот, откако таа му беше доделена на церемонијата во Монако.

Ѓоковиќ се заблагодари за наградата и направи резиме на тоа што му се случуваше во последните три години.

„Сакам да се заблагодарам за наградата. Не знаев што да очекувам вечерва. Мојата филозофија е да не очекувам ништо, зашто тогаш добиваме многу работи. Спортот испраќа универзална порака до сите. Нелсон Мандела беше во право кога рече спортот има моќ да го смени светот“, вели Ѓоковиќ.

Најдобриот српски спортист потоа ја „отвори душата“ и откри низ што поминал од 2016 година до денес.

„Сакам да направам резиме. Голема благодарност до мојата сопруга која ме научи многу работи. Мислам дека многу ми помогна и заслужна е за голем број успеси“, објасни Србинот.

Првиот тенисер во светот потоа призна дека размислувал да се пензионира.

„Точно е, размислував да го напуштам тенисот, размислував за многу други работи, зашто едноставно немав баланс во животот. Во тие моменти се чувствував предадено, кога имав операција и ми требаа месеци за да најдам цел во играњето тенис“, објаснува најдобриот тенисер во моментов.

Ѓоковиќ одлично ја почна и новата сезона, откако славеше во Мелбурн на првиот грен-слем во сезоната, Австралијан опен.