Звучи неверојатно, но Ромеро е најдобриот голман во историјата на Манчестер Јунајтед…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот голман, Серхио Ромеро веќе четири години ја има улогата на резервен голман во Манчестер Јунајтед зад недопирливиот Давид Де Геа.

Сепак, секоја шанса за настап искусниот Аргентинец максимално ја користи, а статистички е најдобриот голман кој стоеше меѓу стативите на „Црвените ѓаволи“.

Можеби делува чудно, бидејќи покрај Де Геа голото на Јунајтед го чуваа врвни имиња, но Ромеро по бројот на натпревари без примен погодок е статистички најдобар.

Од пристигнувањето во клубот, аргентинскиот чувар на мрежата настапи 43 пати за великанот од „Олд Трафорд“. Дури 28 пати успеа да го сочува голот, што е процентуално гледаше околу 65,1 од натпреварите.

Тоа е подобра статистика од било кој друг голман во историјата на клубот, а кој одигра повеќе од три или четири натпревар за овој тим, што е секако голем пидвиг за Ромеро, иако не бранеше во голем дел од натпреварите.

Интересно е секако што од 43 настапи за Јунајтед, 31-годишниот голман само седум пати бранеше во Премиер лигата, а повеќето шанси ги добиваше во европските натпреварувања како и ФА Купот.

Оваа сезона, Ромеро настапи вкупно 5 пати, а двапати ја сочува мрежата, и во два наврати во ФА Купот.

Фантастичниот голман во текот на летото имаше неколку понуди да го напушти Јунајтед, одлучи да остане. Нему очигледно му е убаво во улогата на резерва и сигурно благодарение на него Де Геа е уште подобар.

Ромеро пред Јунајтед бранеше уште за Сампдорија и Монако, а европската кариера ја започна во Аз Акмар.