Неверојатно лудило во соблекувалната на „Црвените ѓаволи“: Главниот, кој ако не Пол Погба?! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пол Погба игра навстина фантастично во изминатите два месеци.

Заминувањето на Жозе Мурињо по него беше одлично, а од натпревар во натпревар, францускиот фудбалер покажува зошто го сметаат за еден од најдобрите играчи за врска на светот.

Дека атмосферата во соблекувалната на „Црвените ѓаволи“ е навистина одлична покажува и видеото од соблекувалната по победата над Челси во ФА Купот.

Главните ѕвезди се Пол Погба и Ерик Баили. Дефанзивецот на Јунајтед се обиде да му ја одземе топката на францускиот фудбалер, но тој мајсторски му ја шутна меѓу нозе.

По овој потег настана смеење во соблекувалната, а сето тоа го следеа останатите фудбалери на Јунајтед кои со овации го поздравија Погба.

Секако, играчот за врска нац Јунајтед малку и му се „потсмеваше“ на својот соиграч, Го праша дали со него се е во ред, а потоа повторно се смееше.

 

View this post on Instagram

 

You vs who? @ericbailly24 ?sorry bro #mufc#daretocreate#pogba

A post shared by Paul Labile Pogba (@paulpogba) on