Кирјос продолжи со провокациите: Еј, навивачи на Рафа, каде сте? (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ник Кирјос пред неколку дена имаше жестока пресметка со Рафаел Надал, на теренот и потоа на прес-конференција за новинари, но и со навивачите во Акапулко, кои го поддржуваа Шпанецот.

Австралијанецот тоа не го заборави ниту два меча подоцна. Го победи Станислав Вавринка, а во дуелот со Џон Иснер имаше брејк-топка при резултат 5-5 во првиот сет.

„Каде се навивачите на Рафа? Еј, навивачи на Рафа, каде сте? Ајде на лет за Индијан Велс“, ги провоцираше Кирјос.

Надал по поразот кажа дека Кирјос не ги почитува навивачите, ривалите, ниту себеси, а Австралијанецот одговори дека Надал не знае ништо за него.

Кирјос го победи Иснер со 7-5, 5-7 и 7-6, па се пласираше во финалето во Акапулко, каде што ќе се пресмета со Александер Зверев.