Ѓоковиќ ја оствари 50-та победа во Индијан Велс!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло од Мастерсот во Индијан Велс, откако во два сета беше подобар од Американецот Бјорн Фратанџело со 7-6 и 6-2.

Тоа беше првиот меч на Ѓоковиќ уште од Австралијан Опен и вкупно 50-ти триумф на овој турнир, кој го освојуваше дури пет пати.

Србинот во следното коло ќе игра против Филип Колшрајбер, кој го изненади Ник Кирјос во второто коло и го совлада со 6-4 и 6-4.

Фратенџело направи прв брејк (3-2), но потоа Ѓоковиќ израмни во вистински момент (5-5). Потоа во тај-брејкот имаше 4-1, но Американецот направи пресврт за 5-4. Сепак, Фратанџело направи две грешки и му дозволи на Србинот да го освои првиот сет со 7-6.

Тоа значеше и крај, зашто Ѓоковиќ уште во првиот гем од вториот сет направи брејк, па му го одзема сервисот на противникот уште во петтиот гем за водство од 4-1, а потоа со сигурна игра славеше со 6-2.