Првата фотографија од Мекгрегор зад решетки (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Камерите го снимија моментот кога УФЦ-борецот, Конор Мекгрегор излегува од затвор, односно притвор, кој му беше одреден поради тоа што му го скрши мобилниот телефон на еден негов фан.

Инцидентот се случил утрото во еден хотел во 5.20 часот, по локално време, а според полицискиот извештај, Мекгрегор му го земал телефонот на навивачот, го фрлил на под и го скршил.

Контроверзниот Ирец набрзо бил приведен, а потоа бил пуштен на слобода со кауција од 12.500 долари. Тој се огласи и на социјалните мрежи поради големиот испад.

„Трпението е реткост во светов и ќе продолжам да работам на тоа. Ги сакам моите навивачи. Благодарма за поддршката“, напиша Мекгрегор.

Во меѓувреме се појави и првата фотографија од Мекгрегор зад решетки.