Разочарување во Индијан Велс: Надал нема да игра против Федерер!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рафаел Надал вечерва треба да се пресмета против вечниот ривал Роџер Федерер, но не е познато дали мечот ќе се одржи поради проблемите со повреда на коленото, кои ги има Шпанецот.

Надал синоќа обезбеди пласман во полуфиналето на Индијан Велс, откако го победи Карен Хачанов, но денеска ги разочара навивачите, зашто не е познат неговиот настап во вечерашната средба.

Турнирот во Индијан Велс е последен на тврда подлога, по што следува омилениот дел на Надал, а тоа е земјената подлога, која дефинитивно не сака да ја пропушти и сака да биде подготвен.

Иако пропуштањето на полуфиналето за Надал нема многу да значи, сепак тоа ќе значи многу за навивачите, кои едвај ги чекаат пресметките меѓу него и Федерер.