„Јувентус во 1996 беше допингуван, ама затоа сега горам од желба да им се одмаздиме!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од дуелите кои ќе бидат интересни во четвртфиналето на Лигата на шампиони ќе биде меѓу Ајакс и Јувентус, а тимот од Амстердам ќе има поголем мотив за победа, зашто загубија токму од италијанскиот клуб во натпреварувањето во 1996 година.

Според зборовите на поранешниот тренер Давид Ендт, фудбалерите на Јувентус најверојатно биле допингувани, поради што имаат уште поголема желба да ги елиминираат.

„Јувентус е голем фаворит и во тоа нема никаков сомнеж. Но, ние може да ги изненадиме. Јуве во Рим во 1996 година играше со тим, за кој на крајот се шпекулираше дека се допингувани. Никој не ја знае вистината. Тоа е уште една причина зошто треба да ги исфрлиме“, вели тренерот на Ајакс.