Тоби Алдервилд проговори за својата иднина и потврди дека не е сигурен дека ќе остане во Лондон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоби Алдервилд истакна дека е несигурен за својата иднина во Тотенхем  клуб со кој има договор уште на 18 месеци.

Белгискиот интернационалец е обврзан на верност со „Петлите“ до 2020 година, но може да си замине од клубот за „само“ 25 милиони фунти во летниот преоден рок.

За него сериозен интерес има од Манчестер Јунајтед кој го посакуваше фудбалерот и минатата година, но по се изгледа ќе стигне до неговите услуги овој јуни.

„Има уште многу да се игра оваа сезона. На крајот, јас имам договор со Тотенхем и не гледам подалеку од оваа сезона. Штом заврши ќе видам што ќе сторам“ –заклучи Алдервилд.