Везистот од Барселона пред одлука, Милано или Ливерпул?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Два клуба се во игра, едно е сигурно, нема да го гледаме во Барса.

Андре Гомес пред неколку сезони пристигна во Барселона од Валенсија како големо засилување на тимот.

Сепак, Португалецот не успеа да се снајде на Камп Ноу. Кога стана јасно дека не може да им помогне, беше испратен на позајмица во Евертон.

Во Премиер лигата игра солидно, му требаше доста време за да стекне добра припрема за да игра во елитниот ранг на Англија, како и да се привикне на новата средина, но во последно време е попрично стандарден играч како и својот сонародник Марко Силва.

Управата на „Карамелите“ сака да го задржи, но бидејќи се појавија бројни шпекулации околу неговата иднина, сакаат што побрзо да ја завршат работата со Барселона и да го откупат неговиот договор.

Спремни се да понудат 20-25 милиони евра за Португалецот, но во приказната уште игра улога и Интер.

Сепак, „Нероазурите“ ќе мораат да го почекаат крајот на сезоната, па Андре Гомес е најблиску до неговото останување во Ливерпул.

Јасно, Барселона ќе мора да прифати дека нема да може да ја поврати вложената сума во Португалецот, која во договорот со клубот од Камп Ноу има и клаузула по која Барселона ќе мора да и исплати одредена сума на пари на Валенсија, доколку поранешниот играч на Бенфика ја освои „Златната Топка“.