Вардар го победи Загреб и стигна до петтата титула во СЕХА Лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Вардар уште еднаш потврди дека е недопирлив во регионалната СЕХА Лига откако во финалето со 26:23 го совлада тимот на ППД Загреб.

Победата на вардарци падна во сенка на хорор повредата на Кристијан Дисингер врз кој стартуваше Поточник.

Избраниците на Парондо одиграа уште еден одличен натпревар во кој се опуштија во самиот финиш по што Загреб анулира предност од четири погодоци и се влезе во интересна завршница.

Сепак, тогаш на сцена стапи Стојанче Стоилов кој го постигна најважниот погодок на натпреварот и дефинитивно стави точка на натпреварот.

На голот на Вардар девет интервенции имаше Милосављев, додека најефикасен со осум голови беше Даинис Криштопанс. По пет погодоци постигнаа Сташ Скубе и Тимур Дибиров.

Инаку со оваа победа Вардар остана високо на врвот на СЕХА лигата со освоени вкупно пет титули во регионалниот шампионат.