Фиорентина го објави годишниот извештај: Донација од 1,5 милиони евра за семејството на големиот Давиде Астори!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанска Фиорентина донираше 1,5 милиони евра на семејството на починатиот фудбалер, Давиде Астори.

Астори во март 2018. година почина во сон во Удине, каде како тогашен капитен на Фиорентина беше во карантин пред мечот со Удинезе во Серија А.

Клубот од Фиренца го објави финансискиот извештај за изминатата година во кој е прокнижена и уплатата на семејството на некогашниот италијански дефанзивец по пат на фонд.

Во таа година Фиорентина направи загуба од 15,7 милиони евра, за разлика од 2017. година кога беше во плус 37 милиони.