Надал проговори за поразот на Ѓоковиќ: Тоа е многу необично…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рафаел Надал е во полуфиналето во Монте Карло, еден од неговите омилени турнири.

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во полуфиналето, загуби од Данил Медведев, а во полуфиналето ќе играат

Лајовиќ – Медведев
Надал – Фонјини

Нема сомнеж кој е голем фаворит, а по победата во четвртфиналето, Рафаел Надал зборуваше за Новак и неговиот пораз.

„Изгледа дека Новак ќе го добие тој трет сет против Медведев, затоа што убедливо го доби вториот, кој беше тежок. Се чинеше дека и Данил се измори. Вистина е дека Новак одигра лош гем на 2:1 во третиот сет. Од тогаш Данил се разигра. Тој инаку игра многу добро, веќе оствари приличен број победи на турнирот.

Секогаш кога Новак ќе загуби, чувството е необично, бидејќи тој секогаш е супер солиден. Но сите сме ние луѓе, зарем не? Секој ден играте против некој кој сака да ве победи. Така тоа функционира, тоа е спортот“, истакна Надал.