Каков пациент: Му се јавија од бокс на својот возач, па му го утнаа името (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Љубителите на Формула 1 и викендов можат да уживаат во возбудувањата и тоа на патеката за Големата награда на Шпанија, а многумина се надеваат дека ќе прекине доминацијата на Мерцедес.

Од почетокот на сезонава Мерцедес покажа неверојатна доминација над Ферари и останатите екипи, но многумина се надеваат дека сезонава ќе гледаат борба за титулата.

Вчера беа забележани многу интересни моменти на патеката, а единствен Шпанец, кој ќе настапи е Карлос Саинц, кој вози за Мекларен.

Тој вчера беше во центар на внимание поради неверојатна грешка на неговиот тим, кога му се јавија на радио. Дури успеаа да го згрешат неговото име, па го нарекоа Дарен, а тоа го насмеа и Саинц.

„Здраво Том, овде е Дарен“, се пошегува Саинц.