Како е можно ова: Тенисер водеше со 6-1, 5-1 и 40-15, па го загуби мечот! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Виктор Троицки на навистина неверојатен начин доживеа пораз на стартот на Челинџер-турнирот во Хајлброн во Германија.

Унгарецот Атила Балаж, кој е 219. тенисер на АТП-листата, направи еден од најголемите пресврти во историјата на тенисот.

Троицки водеше против унгарскиот тенисер со 6-1, 5-1 и 40-15, па пропушти дури четири меч топки и на крајот, верувале или не, го загуби мечот.

Балаж во вториот сет беше подобар со 7-6, а во третиот направи пресврт и славеше со 6-3.

Да потсетиме, Троцики на АТП-листата се наоѓа на 259. место.