„Човекот кој месеци порано ми велеше дека дека Гвардиола заминува во Сити сега изјавува дека тој е на пат кон Јувентус“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот новинар тврди.

Клубот од Торино е во потрага за нов тренер.

После пет години, управата на Старата Дама одлучи да му даде отказ на Максимилијано Алегри и е во потрага по нов тренер.

Многу имиња се поврзуваат со Јувентус. Меѓу нив е и актуелниот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гардиола, кој константно ги одбива шпекулациите дека тој ќе замине во Италија.

„Колку пати морам да кажам. Не заминувам во Јувентус и нема да се селам во Италија. Задоволен сум овде, не заминувам никаде. И наредната сезона ќе бидам тренер на Манчестер Сити, го кажав тоа неколку пати“, рече Гардиола.

Сепак, италијанските медиуми го тврдат спротивното. Радиото Sportivo, но и уште неколку влијателни медиуми тврдат дека има „оган“ помеѓу двете страни.

Гвардиола веќе се состанал со спортскиот директор на Бјанконерите, Фабио Паратици, но одредени медиуми од Италија тврдат дека превземање на торинскиот великан не била главната тема на разговор.

Меѓутоа, во комплетната приказна се вклучи и новинарот од шпанскиот весник Mundo Deportivo, Францеск Агуилар. Тој објави дека информацијата е од сигурен извор и дека Пеп е на пат кон Јувентус.

„Истата личност која пред неколку години (многу порано од што беше официјално објавено), ми кажа дека Пеп ќе го води Манчестер Сити, сега ми кажа дека е на пат кон Јувентус. Тогаш му поверував, а сега уште повеќе и покрај тоа што во Торино не се зборува за тоа“, рече Агуилар.

Наводно, новиот тренер на Старата Дама би требало да биде именуван на 14 јуни. За тој датум е закажана прес-конференција и откажани се сите останати активности на клубот.