Комити со порака до Саздо: Оваа титула е за тебе! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Комити денеска објавија порака на социјалните мрежи, која беше посветена на Саздо, кој почина, откако беше претепан на автобуската станица во Автокоманда.

Најверните навивачи на Вардар порачаа дека најновата титула на „црвено-црните“ во Лигата на шампиони е посветена токму на него.

„Ги чу ли песните кои ечеа на Аеродромот кога се појавија хероите?
Ја слушна ли химната на Македонија како одекна од плоштадот Македонија како никогаш предходно?
Допре ли до тебе Комитската химна отпеана на крајот на прославата? “За една љубов живееме…” отпеана од 150.000 грла, таа Саздо, а не ‘Ајде ајде ајде Вардаре’ која ја знаат сите…
Дали на небото ги почувствува вибрациите создадени од адреналинската бомба, како во оние времиња кога заедно го правевме тоа на трибина во еуфорија, во моментите кога сите во еден глас скандираа “Никогаш Северна, Само Македонија”?
Минатата заедно ја прославивме, но оваа е за тебе Шампионе, за твојата љубов кон Вардар и жртвата за Македонија !!!
Почивај во мир брату наш !“, беше напишано на профилот на Комити на Фејсбук.