Реал не се плаши од казна на УЕФА: Летниот преоден рок допрва почнува!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми вчера објавија дека Реал Мадрид летово мора да заработи повеќе од 300 милиони евра за да нема проблем со Финансискиот фер-плеј.

„Кралевите“ минатата недела официјално го потврди трансферот на Еден Азар, а сега се очекува да тргнат по потписот на Кристијан Ериксен.

„Марка“ објави дека Реал мора да заработи повеќе од 300 милиони евра за да избегне проблеми, но од Мадрид се огласија утринава дека не се грижат за казна од УЕФА.

„Вестите за Финансискиот фер-плеј се точни што се однесува до бројките, но треба јасно да кажеме дека не е проблем тоа. Летниот преоден рок треба да почне допрва и јасно дека ќе направиме уште неколку трансфери“, порачаа од шпанскиот гигант.