„Надал сега слободно може да го освои и Вимблдон“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рафаел Надал уште ја слави титулата на Ролан Гарос, а неговиот чичко и поранешен тренер ТОни веќе му предвидува трофеј на Вимблдон.

Шпанецотја освои титулата во Вимблдон во 2008 и 2010 година. А минатата година беше првпат од 2011 да стигне до полуфинале, но загуби од Новак Ѓоковиќ.

„Разговаравме во неделата и му реков дека очекувам титула на Вимблдон годинава. Минтата година беше блиску и имаше шанса, но се надевам дека ќе успее сега. Знам дека го чекаат Федерер, Ѓоковиќ и Тим, но верувам дека има добра шанса“, призна Тони.

Тони кажа дека Надал има 18 гренслем трофеи, но 15 морал да ги пропушти поради повреда, па доколку успеел да освои уште некој од нив, сега ситуацијата би била поинаква.

Вимблдон е на програмата од први јули, а титулата ја брани Новак Ѓоковиќ.