„Бомба“ на повидок: Ајакс договори спектакуларен трансфер на Де Лихт!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наскоро ќе биде решена дилемата за тоа каде Матијас де Лихт ќе ја продолжи кариерата. Речиси сигурно е дека ќе го напушти клубот од Амстердам, со кој освои двојна круна и ја доби капитенската лента.

Пред неколку недели изгледаше како да нема дилеми дека ќе потпише за Барселона, но потоа се вклучија во борбата и ПСЖ, Манчестер јунајтед, Јувентус и Баерн Минхен.

Де Лихт призна дека уште нема донесено конечна одлука, меѓутоа шпанските медиуми денеска објавија дека Ајакс и Барселона се договорил за трансфер и младиот фудбалер ќе ја прифати понудата на Каталонците.

Каталонско радио објави дека трансферот ќе изнесува 75 милиони евра, а конечна потврда треба да пристигне најдоцна на почетокот на следниот месец.