Ништо од Мурињо: Челси почна преговори со бивш тренер на Ливерпул!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Метро“ пишува дека Челси се откажала од услугите на Жозе Мурињо, за кој претходно се шпекулираше дека по третпат ќе се врати во Лондон, па сега се насочи кон уште еден свој поранешен тренер и бивш стратег на Ливерпул, Рафаел Бенитез.

Бенитез има договор со Њукасл до крајот на месецот, па нема преговори за продолжување на соработката, откако пристигна нов газда во клубот.

Челси во меѓувреме бара замена за Маурицио Сари, кој речиси сигурно ќе се пресели во Јувентус, а токму Бенитез сега е главен фаворит за тренерската позиција.

Бенитез помина пет месеци во Челси, откако го замени Роберто ди Матео во ноември 2012 година и му помогна на клубот да заврши трет во Премиерлигата и да ја освои Лига Европа.