Мартин Томовски се сели во Бундеслигата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативен, Мартин Томовски ќе биде следниот кој ќе си замине од редовите на Металург ова лето.

Како што пишува „24ракомет.мк“ Томовски кариерата ќе ја продолжи во најсилната ракометна лига, Бундеслигата каде ќе потпише договор со тимот на Лудвигсхафен.

Лудвигсхафен подготовките за новата сезона ќе започнува на 10 јули, а новата сезона во Германија ќе почне на 16 август.