Гоце Седлоски повеќе не е тренер на НК Широки Брег


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Широки Брег синоќа на свој терен беа поразени со 1-0 од Челик од првото коло на Премиер лигата во БиХ.

Тимот на Челик направи големо изненадување со оваа победа и јасно се виде дека играта на Широки Брег не е на ниво на кое се очекува да биде.

Широки лошо ја отвори сезоната со излегување во квалификациите за Европската лига, а поразот од Челик ја прелеа чашата.

Имено, Гоце Седлоски кој беше тренер на овој тим си поднесе оставка од клубот.

Тој не се појави и на прес конференцијата после мечот и и порача на управата дека си поднесува оставка, а оваа вест официјално ја потврди и клубот.

Широки неславно помина во првото претколо на Европската лига, бидејќи и во двата меча беше поразен од Каират Алматија со по 2-1, а поразот против Челик беше веќе премногу за Седлоски.