Повредата на Асенсио би можела да го чини Арсенал доаѓање на Себалос


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсенал синоќа го одигра последниот натпревар во склоп на турнејата во САД, а противник му беше Реал Мадрид.

Натпреварот заврши 2-2, но Топџиите на крај изгубија на пенали.

После натпреварот тренерот на Арсенало, Унаи Емери говореше околу новата ситуација со Себалос, но и за Колашинац.

„Нажалост Асенсио се повреди. Секако дека не ни беше цел да повредиме било кого. Тоа би биле многу лоши вести за Реал, но сито така и за нас. Не знам дали тоа би сменило нешто околу доаѓањето на Себалос“, започна Емери.

Тој се осврна и на Обамејанг, но и на ситуацијата со капитенот Кошчелни.

„Не размислуваме за продажба на Оби. Тој може да игра во нападот, но и на крилната позиција и сакаме да го задржиме. Разговарав и со Кошчелни. САкам да биде одве со нас, но тој одлучи друго. Сега се е помеѓу него и управата на клубот. Го почитувам и него и неговите ставови“, рече Емери.

На крајот говореше и за играта на Колашинац.

„Минатата сезона игравме со четири играчи во одбраната. Исто така често игравме и со тројца. Двата системи ќе ги користиме и оваа сезона. Прв избор секако ни е да играме со четворица. Сеад доста се поправи во својата игра во одбраната и тоа беше главна цел кога е во прашање тој“, заврши Емери.