Надал урна неверојатен рекорд на Федерер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на Роџерс купот, откако синоќа победи со 6-3 и 6-4.

Бранителот на титулата така стигна до 379. победа на турнирот од Мастерс серијата, со што го урна рекородот на Роџер Федерер.

„Беше тешко поради ветрот, но навикнавме да играме во вакви услови. Секако дека е подобро да се игра кога нема ветар, но во исто време е преубаво затоа што тогаш тенисерот мора да се прилагоди и да биде психички фокусиран“, вели Надал.

Надал за пласман во полуфинале ќе се бори со Фабио Фоњини, кој го елиминираше Адријан Манарино со 6-2 и 7-5.

Во четвртфинале се пласираше и Роберто Баутиста-Агут, кој со 7-5 и 7-5 го победи Ришар Гаске и во следното коло го очекува пресметка со Гаел Монфилс.