„Штрковите“ завиени во црно: Убиен млад кошаркар на МЗТ Скопје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доцна синоќа, половина час по полноќ во скопската населба Аеродром се случила тепачка по која животот го загубил младиот кошаркар на МЗТ Скопје, Никола Христовски.

17 годишниот Христовски бил дел од младинските категории на клубот од Аеродром кој по трагичниот настан со соопштение се огласи во јавноста:

„Со голема тага и неверување утринава ја примивме веста за трагичната смрт на нашиот доскорешен член, Никола Христовски (17 години), кој синоќа беше прободен со нож во населбата Ново Лисиче.

Сѐ уште не можеме да веруваме дека тој повеќе нема да биде со нас, а вечно ќе се сеќаваме на моментите од изминативе неколку години кога можевме да го видиме неговиот секогаш ведар лик на тренинзите на нашата младинска школа. Тренерите кои работеа со него секогаш ќе го потенцираат неговиот ентузијазам и љубов кон кошарката и кон МЗТ Скопје Аеродром.

На неговото најблиско семејство, роднини, пријатели и на сите кои барем малку го познаваа Никола им изразуваме длабоко сочуство за големата загуба, со надеж дека ваква трагедија никогаш и никому повеќе нема да се случи“ – се вели во соопштението на МЗТ Скопје.