Кирјос кршеше рекети, го пцуеше судијата, па на крајот плукна кон него! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Контроверзниот тенисер Ник Кирјос загуби во Синсинати од Русинот Карен Хачанов со 7-6, 6-7 и 2-6, а потоа направи шоу на теренот.

Австралијанецот не сакаше да се ракува со судијата Фергусон Марфи, кој го пцуеше, а потоа плукна во негова насока.

Претходно за време на мечот имаше неколку караници, па кршеше рекети и повторно дивееше, но овојпат ги премина сите граници, па се очекува реакција наскоро од тениската асоцијација.