Како Сари го фасцинираше Киелини?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Капитенот на Јувентус, Киелини призна дека му се допаѓа начинот на кој работи новиот тренер Маурицио Сари.

Откако ова лето стана јасно дека Макс Алегри ќе го напушти клубот од Торино, мноштво тренери беа во игра за да го наследат, а изборот на крајот падна на Маурицио Сари, кој претходно го водеше Челси.

Иако многумина мислеа дека Бјанконерите можеа да најдат подобро решение, дефанзивецот и капитенот на клубот, Киелини е фасциниран од работата на Сари, особено од совршенството за кое се стреми.

„Она што особено ме фасцинираше беше неговата темелност во пристапот, во сè што прави. Тој секогаш бара совршенство и мислам дека тоа е мојот најсилен впечаток досега“, изјави Киелини за телевизијата Јувентус.

Јувентус ќе влезе во следната сезона со високи амбиции. Во подготовките, Старата дама загуби од Тотенхем и Атлетико, но го победи Интер на пенали.

„Подготовките сеуште се во тек, тренерот ги има своите барања и ние се обидуваме да апсорбираме што е можно повеќе до почетокот на сезоната. Потребно е малку време, сепак тука има нови играчи. До почетокот на сезоната, ќе одиграме уште еден пријателски натпревар, а потоа треба да ја сфатиме посериозно работата и да смениме брзина“, рече 35-годишниот стопер.

Јувентус ќе ја отвори новата сезона со гостување кај Парма.