Пеколно се работи: Тренинзите покажуваат дека Меси сака што поскоро да се врати на теренот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одличниот Аргентинец, Лионел Меси ќе го пропушти отварањето на сезоната во шпанското првенство и дуелот на Барселона со Атлетико Мадрид.

Аргентинецот по повредата тренира одвоено од тимот, а тренерот Валверде вчера потврди дека тој ќе го пропушти првиот меч од новата сезона.

Меси сепак не мирува, дури напротив. Сака да се врати побрзо на теренот и да му помогне на тимот во новите предизвици.

Додека неговите соиграчи се во карантин, Меси на песок вредно работи и наскоро можеме да очекуваме да се врати на теренот.