Македонија триумфално се враќа од Рига: Пандев и Барди ја урнаа Летонија (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија успеа да слави на гостувањето во Рига против Летонија со 2-0, па така ги освои посакуваните три бода во шестиот меч од квалификациите за Евро 2020.

Македонските фудбалери стигнаа до водство во 14. минута преку Горан Пандев, а мечот беше решен три минути подоцна кога Енис Барди погоди за 2-0.

Во продолжение од средбата ние игравме за нијанса подобро, но мудро го чувавме водството во Рига, кое на крајот го претворивме во три бода.

Македонија во моментов се наоѓа на четвртото место во групата Г со осум бода, колку и Израел , еден бод повеќе од нас има Австрија, а Словенија е на второ место со 11 бода, додека Полска е лидер со 13 бодови.