Го тужеше Нејмар за силување, а сега таа е обвинета за измама и изнуда

Наила Триндаде, девојката која го обвини Нејмар за силување, е обвинета за изнуда и измама.

Таа го обвини Нејмар за силување во Париз во мај оваа година, но судијата ја отфрли нејзината тужба поради недостаток на докази.

Сега таа повторно се најде во огромни проблеми. Обвинета е за изнуда и измама, заедно со својот поранешен партнер Естивенс Алвес.

Двајцата поради ова обвинение се појавија пред суд и доколку бидат осудени, ги чека повеќегодишна казна. Нејмар претходно изјави дека овој случај засекогаш ќе му остане како животна лузна.

„Овој случај засекогаш ќе остане како потсетник што луѓето се спремни да направат“, порача Нејмар.

Advertisements