Борусија не го дава најдоброто, договор за големата желба на парижаните!

По преминувањето на Абду Диало ова лето од Борусија Дортмунд во ПСЖ, тренерот на „Милионерите“ Фавр изјави дека не е среќен за овој трансфер, иако Хумелс беше ангажиран како замена.

Се чини дека раководството не сака повеќе да го разочара тренерот, па втората желба на ПСЖ ќе остане во Борусија.

Во текот на летото, имаше интерес од Парижаните за португалскиот репрезентативец Рафаел Гереиро.

Левиот бек, кој исто така може да игра во средниот ред, е еден од поважните членови на првиот состав на милионерите, Тухел го посака на Паркот на Принцевите, но не се случи трансферот.

Како што стојат работите, ситуацијата нема да се промени во скоро време, бидејќи администрацијата на Дортмунд постигна договор со Гереиро за проширување на соработката.

Зорк потврди дека се водат разговори со фудбалерот во последните неколку недели и дека е постигнат договор, Рафаел Гереиро треба да потпише нов договор со клубот со до 2023 година.

Advertisements