Референдум во Барселона, ништо од Нејмар?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Трансферот на летото зад нас беше одбележан меѓу другото и со сагата за враќање на Бразилецот на „Камп Ноу“. Може да се каже дека Нејмар се покаја кога избрал да се пресели во францускиот ПСЖ во 2017 година.

Тој има одлични статистички параметри во Париз кога игра – што е реткост, но се чини дека дури и сопствениците од Катар се уморни од санирање на испадите на нивниот најдобар играч.

Мбапе го „покри“ заминувањето на Бразилецот и имаше една од најдобрите сезони, но прашање е колку одличен ќе биде Французинот во главниот град на неговата земја.

Тој дури неколку пати изјави дека размислува за трансфер, се чини дека тимот од Париз не може да ги исполни неговите натпреварувачки амбиции, пред сè мислејќи на возбудливо првенство и конкурентност во Лигата на шампионите.

Според каталонските медиуми, се водел референдум меѓу лидерите на Барселона. Прашањето беило дали тие се за враќање на Нејмар, огромното мнозинство одговорило негативно од неколку причини.

Првата е, се разбира, разделбата со Бразилецот пред две сезони што едноставно не беше пријателска, проследено со се почестите повреди на Нејмар, но и социјален аспект е она што Нејмар го носи со себе, односно тој знае да ја подели соблекувалната.

Значи, Бартомеу е премногу гласен за неговиот следен трансфер потег, сега се зборува за трка со Реал Мадрид околу аквизицијата на Мбапе. Французинот повеќе одговара на позицијата ’деветка’ што се отвара поради возраста на Суарез, помлад е, постигнува повеќе голови и е одличен за тимскиот дух, што игра голема улога во одлуките на клупскиот директор на Ноу Камп.

Останува да се види натамошниот развој на дејствијата, но се чини дека самиот Нејмар си „ископа дупка“ со своето однесување.