Дебито на Крис Смилинг за Рома ќе почека?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Крис Смолинг пристигна во Рома на едногодишна позајмица од Манчестер Јунајтед на крајот на летниот преоден рок.

Како што набргу следуваше паузата на репрезентацијата, Смолинг не можеше да добие шанса да го направи својот прв настап во дресот на Рома, а неговото деби би можело да се одложи.

Поточно, италијанските медиуми пренесуваат дека за време на вчерашниот тренинг, искусениот стопер „заработил“ истегнување на мускулот..

И покрај повредата, Смолинг утрово имаше тренинг, но работеше по индивидуална програма.

Набргу подоцна тој ќе биде подложен на детален преглед, по што ќе биде јасно дали тој ќе биде во конкуренција на натпреварот со Сасуоло што Рома го игра во недела.

Патем, Рома има многу проблеми со повреди на своите играчи, со оглед на тоа што Ченгиз Ундер, Леонардо Спиназола, Давиде Запакоста и Диего Пероти се во закрепнување.