Никој досега немал вербална расправија со Меси како што имаше Гонзалес: „Само се насмеавме…“

Шпанскиот фудбалер Алваро Гонзалес се присети на времињата кога играше за Еспањол и на дуелите против Барселона.

Гонзалес во дресот на Еспањол играше две сезони помеѓу 2014. И 2016. година, а после тоа направи трансфер во Виљареал, моментално е на позајмица во Марсеј. Овој 29-годишен дефанзивец посебно се сеќава на дуелите со Барселона.

Тој во еден дуел со Меси му направил жесток фаул и до крајот на натпреварот воделе вербална војна со него. Гонзалес изјави дека сепак на крајот од натпреварот се прегрнале и се насмеале бидејќи се „препукувале“ на одличен начин.

„Ма тоа е смешна анегдота. Игравме три дербиња по ред со Барселона. Тие натпревари беа неверојатни и јасно беше дека Меси беше најголемиот проблем и закана. Го фаулирав во една ситуација и после тоа започна вербалната војна“, рече Гонзалес и додаде:

„Во една ситуација се свртев спрема него и му реков:„Ти си премногу низок и минијатурен.“ Потоа тој се заврти и ми одговори:„Ти си многу очаен во фудбалот“.

Го погледнав и му реков дека тоа е вистина и дека двајцата сме во право. Тогаш се насмеавме и се поздравивме“, се присети Гонзалес.