Маркез во последниот свиок го премина Квартараро и ја освои осмата светска титула! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марк Маркез е шампион во Мото ГП, откако успеа да слави на трката за Големата награда на Тајланд.

Во фантастичната трка Маркез во последниот свиок го премина Фабио Квартараро, кој ќе почека уште некое време за своја прва победа.

Трет низ целта помина Маверик Вињалес, додека Андреа Довициозо беше четврти, а Валентино Роси го освои осмото место.

За Маркез ова беше деветта победа сезонава и вкупно 79. триумф во кариерата, кој му ја обезбеди осмата шампионска титула.

Шпанецот стана најмлад возач во историјата, кој освои осма светска титула – во класата 125к во 2010, Мото 2 во 2012 и Мото ГП во 2013, 2014, 2016, 2017, 2018 и 2019 година.

Следната година ќе има шанса да го стигне Роси по бројот на титули, кој има вкупно девет.