Ла Лига со барање до Барселона и Реал: „Ел Класико“ да се игра на „Бернабеу“, а не на „Камп Ноу“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона и Реал Мадрид викендов ќе ги одиграат своите натпревари против Еибар и Мајорка, а потоа на програмата е „Ел Класико“ во следното коло, кое треба да се игра на „Камп Ноу“.

Сепак, се појавија одредени проблеми, па навивачите на Барселона можеби нема да го гледаат големото дерби на домашен терен на крајот на месецов.

Пред неколку дена неколку каталонски политичари добија казни поради организирање на референдумот, па поради тоа неколку илјади демонстранти излегоа на улиците на Барселона и ги блокираа, како и аеродромот, поради што беа откажани 67 лета.

Управата на Ла Лига побара од Барселона и Реал Мадрид да се игра дербито на „Сантијаго Бернабеу“, но двата клуба ја одбија таа можност.