Солскјер: Ливерпул е во одлична серија, но треба да знаат дека ние сме Манчестер јунајтед!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер призна дека не се плаши дека ќе добие отказ по многу лошиот почеток на сезоната.

Јунајтед во моментов е на 12. место во домашното првенство, со само две победи во осум одигрнаи кола.

„Сите разговори кои ги имав со сопствениците на клубот беа за мојот тригодишен договор. Планираме оваа соработка да трае. Дадена ми е работа и не очекувам по неколку порази да добијам отказ“, вели Солскјер.

Солскјер се надева дека ќе успеат против Ливерпул да извлечат позитивен резултат и да направат пресврт на сезоната.

„Многу коцки треба да се поклопат. Мораме да бидеме подготвени и мислам дека во моментов сме. Ливерпул е во одлична серија, но ние сме Манчестер јунајтед“, порача Норвежанецот.