„Ел Класико“ ќе се игра на „Камп Ноу“, но пред празни трибини?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид првото „Ел Класико“ треба да го одиграат на 26 октомври на „Камп Ноу“ од 13 часот.

Меѓутоа, постои шанса мечот да не се одигра поради ситуацијата во Барселона. Со денови траат протестите поради пресудата на каталонските политичари, а на улиците на Барселона владее хаос.

Ла Лига предложи да се игра мечот на „Сантијаго Бернабеу“, но двата клуба ја одбија таа можност, па доколку не се промени нешто, постои шанса да се игра дербито на 18 декември.

Но, шпански „АС“ објави утринава дека Барселона ја разгледува можноста да се игра дербито пред празни трибини.

Тоа се случи и пред две години против Лас Палмас, поради речиси слична ситуација во Барселона.