„Ел Класико“ одложено – нема да се игра на 26 октомври


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради загриженоста за политичката ситуација во Каталонија, мечот меѓу Барселона и Реал Мадрид е одложен.

Двата шпански гиганти требаше да играат на „Камп Ноу“ на 26 октомври, но поради протест во Каталонија, шпанскиот фудбалски сојуз реши да реагира.

Сега се очекува двата клуба и Ла Лига да се договорат за нов датум и место за одигрувањето на најголемото шпанско дерби.

Имаше предлог да се замени домаќинството, па Барселона во март да биде домаќин на Реал, но таквата опција ја одбија Каталонците.

Според новите најави, новиот датум на „Ел Класико“ треба да биде 18 декември, но уште се чека официјална потврда на такво нешто.