Јунајтед подготвува револуција во јануари: Солскјер добива шест засилувања!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед е блиску до опасната зона, отколку до места кои водат до Лигата на шампиони, но клубот нема намера уште сега да се откаже од своите цели за сезонава.

Во Манчестер веруваат дека може да се случи голем пресврт во јануари и поради тоа планираат големи промени во екипата.

Екипата на Оле Гунар Солскјер, наводно, ќе доживее голем број промени и според англиските медиуми, Јунајтед е подготвен да купи шест засилувања.

Засилувањата би пристигнале на сите позиции. Се верува дека ќе пристигнат Марио Манџукиќ, Тони Крос, Џејмс Медисон, Саул Нигез и уште двајца фудбалери, чии имиња не се откриваат.

Секако, некои фудбалери ќе заминат од „Олд Трафорд“, а најблиску до тоа се Пол Погба и Немања Матиќ.