Барселона предложи нов термин за одржување на „Ел Класико“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона и Реал Мадрид нема да го играат „Ел класико“ на 26 октомври на „Камп Ноу“, како што беше претходно планирано, поради вондредната ситуација во Каталонија.

Нестабилната политичка ситуација во Каталонија и протестот на улиците низ Барселона предизвика незадоволство кај Каталонците, а тоа за жал имаше влијание и во спортот.

„Барселона сакаше мечот да се игра на домашен терен на 26 октомври. Сепак, откако одлуката беше да се одложи мечот поради вондредната ситуација, наш предлог е дуелот да се игра на 18 декември“, пишува во официјалното соопштение.

Шпанскиот фудбалски сојуз претходно побара од двата шпански гиганти да донесат одлука и да предложат нов термин најдоцна до понеделник.