Ново продолжување на договорот во Јунајтед, уште една млада ѕвезда продолжува со клубот во иднина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мејсон Гринвуд е уште еден од плеадата млади фудбалери на Манчестер Јунајтед кои го продолжија договорот со клубот од „Олд Трафорд“.

18 годишниот фудбачер го продолжи договорот до 2023 година со можност истиот да биде продолжен на уште една дополнителна сезона.

Гринвуд е најмладиот играч во историјата на Јунајтед кој започнал еден натпревар во Премиер лигата кога дебитираше за клубот против Кардиф минатата сезона.

Оваа сезона погоди против Астана и Рошдејл, а два пати беше стрелец и на подготвителните натпревари против Интер и Лидс.