Солскјер откри какви фудбалери сака да купи во јануари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер најави дека Манчестер јунајтед ќе биде активен на трансфер-маркетот во јануарскиот преоден рок.

„Црвените ѓаволи“ на очаен начин ја отворија новата сезона, па по осум одиграни кола се наоѓаат на 12. позиција во Премиерлигата.

„Сакаме да ангажираме искусни фудбалери кои ќе им помогнат на помладите да растат и да се развијат. Немаме намера да купуваме фудбалери со големи плати, зашто се убедивме дека на такви не може да го градиме тимот. Пари за засилувања имаме подготвено. Зимскиот преоден рок е специфичен и тежок, но на трансфер-маркетот ќе го најдеме потребното“, вели Солскјер.

Со оглед на тоа дека Манџукиќ ги има сите потрбени карактеристики и дека Јувентус го означи како вишок, англиските медиуми откриваат дека токму тој ќе биде прво засилување.